Иницијативата за распишување референдум за името потпишана од пратениците од владејачкото мнозинство-СДСМ, ДУИ и БЕСА е поднесена во Собранието на Република Македонија.
Седницата за донесување на одлуката за распишување референдум, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 15.30 часот.
Според информациите од владејачкото мнозинство, на оваа седница на дневен ред ќе бидат две одлуки, таа за распишување на референдумот и одлука за распределување средства за таа намена.
На седницата иако не ја поддржаа иницијативата ќе присуствува и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која најави дека ќе го образложи својот став зошто се против ваквата одлука и референдумско прашање.