Сега е време осудените за нападот врз Собранието од 27ми април да ги откријат имињата на нарачателите на тој грозен чин. Само откривањето на вистинските виновници кои го нарачале и испланирале тој злостор ќе гарантира дека такво нешто нема никогаш да се повтори.
Тие нарачатели веројатно им ветувале лекомислено дека ќе им обезбедат заштита на извршителите на насилството а може би и награди.
Сега по изречените пресуди на оние што се обидоа да го убијат Зијадин Села време е тие да проговорат кој им дал инструкции,што им ветувал и што им гарантирал. Нека не ги лаже умот дека Мицкоски преку неговата пратеничка група ќе издејствувал амнестија за нив, како што им ветуваше вечерва преку телевизијата.
Мицкоски ги лаже само со цел тие сепак да не проговорат за нарачателите меѓу кои можеби се и оние што на Мицкоски на тацна му ја понудија лидерската функција во ДПМНЕ.