Сегашните и поранешни пушачи живеат со поголема физичка болка од оние кои никогаш не пушеле, покажува една големо научна студија.
Научниците од Универзитетот во Лондон спровеле истражување на повеќе од 220.000 лица и утврдиле дека оние кои пушат цигари имаат поголеми физички проблеми.
Испитаниците биле разделени во три категории: оние кои никогаш не пушеле цигари, оние кои претходно секојдневно пушеле и оние кои и натаму секојдневно пушат.
Научниците актерите на истражувањето ги прашале со колку физичка болка дневно живеат, на скала од 0 до 100.
Сегашните и поранешни пушачи во просек означиле дека за еден до два бода мининуваат низ повеќе болка од оние кои никогаш не пушеле.
Истражувањата утврдиле поврзаност меѓу долготрајното пушење и животот со поголема болка, дури и напуштањето на таа навика.
Клучниот наод на оваа студија е дека поранешните пушачи уште го чувствуваат ефектот на зголемена болка, е заклучокот на студијата која ја пренесува Би-би-си.
Научниците, засега, не можат да објаснат што ја предизвикува поврзаноста меѓу пушењето и доживувањето на поголема физичка болка.
Една од хипотезите е дека некои од илјада хемикалии кои се наоѓаат во цигарите предизвикуваат трајно оштетување на ткивата, што резултира со поголеми болки.
Друга хипотеза е дека пушењето има траен ефект на хормоналниот систем во телото.
Тука е и теоријата според која пушењето е симптом, а не причина. Некои претходни студии покажале дека луѓето кои поинтензивно чувствуваат болка имаат поголема склоност кон пушењето.