Севиља ќе го откупи Силва за 30 милиони евра

338

Португалскиот напаѓач Андре Силва ќе потпише траен договор со Севиља, која одлучила да ја плати откупната клаузула од 30 милиони, одредена од Милан.

Силва, по лошите изданија во дресот на Милан, беше пратен на едногодишна позајмица во шпанскиот прволигаш кој реши да го задржи во своите редови.

-Навивачите можат да бидат спокојни. Силва останува во Севиља и ќе потпише долгогодишен договор. Имаме можност да го задржиме и ќе го сториме тоа. Во Милан можат да кажуваат што сакаат, но тој останува во Севиља, изјави  спортскиот директор на клубот Хоакин Капарос.

Андре Силва пристигна во Милано како голем талент од Порто за 40 милиони евра, но за една сезона постигна само два гола во италијанската Серија А. По доаѓањето во Шпанија веќе има седум погодоци на 11 натпревари.

За репрезентацијата на Португалија, тој веќе има 15 гола на 31 натпревар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...