Североисточен ветер од утре ќе донесе благ пад на температурите

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

291

Времето во земјата ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Само во западните делови попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти помеѓу 11 и 19, а дневната ќе достигне од 24 до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.

Од четврток следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност, слаб до умерен североисточен ветер и благ пад на температурите, прогнозираат од УХМР.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...