Norra Makedonien, Северена Македонија. Така првин беше објавено во скандинавските медиуми, во Шведска и Данска, дека ќе биде новото име на Македонија. Но деновиве, по потпишувањето на Договорот за решавање на спорот за името, се искристализира транскрипцијата на споменатите северно-германски јазици, така што сега, правилно во превод, е Nordmakedonien (слеано). Ваквото лингвистичко решение овдешните медиуми, според правописниот стандард, веќе и го усвоија при известувањето околу предложеното нови име на Република Македонија.
Според шведскиот Институт за јазик и народна меморија, една од најзначајните шведски институции во областа на грижата за јазикот и јазичната политика, како целосно доминантен шведски урнек за имиња базирани врз географски насоки, односно страните на светот, доаѓа до израз спојување со одредниците север, југ, запад, исток (nord-, syd-, väst-, öst): на пример, слеано пишување како Nordkorea (Северна Кореја), Sydsudan (Јужен Судан), Östtimor (Источен Тимор), Västsahara (Западна Сахара). Токму затоа сега во шведските медиуми ќе се употребува Nordmakedonien, а не разделено – Norra Makedonien.
Станува збор за правописни правила во нордиските јазици при зборообразување на именкте, во овој случај имињата на државите и другите меѓународни субјекти, и, се разбира, нема никаква врска со предлогот што во еден момент на преговорите во Скопје го донесе грчкиот шеф на дипломаријата Коѕијас, а што беше отфрлен, за сложено име без превод, но во форма на еден слеан збор – како, на пример „Севернамакедонија“ или „Горнамакедонија“.
Во некои други европски земји е присутна поинква аформа, односно придавката одвоена од името со тире: Nord-Mazedonien (на германски), Noord-Macedonië (на холнадски), Pohjois-Makedonia (на фински).
Но, кога станува збор за посочените шведскиот и данскиот јазик, нејаснотии веројатно ќе се јават во однос на придавката и ознаката за националност. Како што укажува и споменатиот шведски институт, би можело да се очекува скандинавските медиуми, без посуштинско и попрецизно познавање на одредбите во потпишаниот Договор за името, да ги употребуваат слеаните ознаки – nordmakedonsk (северномакедонски/-ска) и nordmakedonier (Северни Македонци).
Тоа секако може да внесе забуни и недоразбирања, доколку се усвои и некритички применува таква јазична практика на користење на термините, именките и придавките, при медиумски известувања поврзани со Македонија и нејзиното ново име што произлегува од потшишаниот грчко-македонски договор.
Едновремено, се чини дека се отвора голем простор за македонската дипломатија, не само во однос на овие земји, туку и пошироко во слични околности во други земји и региони, да го покаже својот капацитет, што можеби е скромен и веќе подолго време исложен на силни влијаниа од раширената партизираност во општетсвото, но сепак капацитет со кој всушност реално располага, за да даде свој придонес во читањето и толкувањето на термините и идентитетските одрединци и нивната соодветна имплементација во секојдневниот вокабулар на странските медиуми, со кој директно и ефикасно се комуницира со пошироката јавност. Тоа несомнено би можело да биде и предизвик за дејствување за дијаспората, доколку успее да ги запре, или барем ублажи, деструктивните тенденции на свесно подбуцнување на поделбите на предавници и патриоти меѓу иселениците, чиј интензитет во последно време се зголемува со вртоглава брзина.
Шведската телевизија досега во повеќе наврати со соочи со иритираност и остри реакции поради недоволната прецизност во известувањата во кои беше укажувано на употребата на името Македонија во поновата историја на државата, пред и по осамостојувањето. Сепак, во изминатите години во еден поширок контекст на медиумско покривање на настаните, главно беше присутен коректен пристап, така што акронимот ФИРОМ беше мошне рестриктивно користен и само во оние ситуации кога се бара дополнително објаснување што таа кратенка заправо значи. Но, јавноста беше поштедена од трапави формулации од типот – ракометната репрезентација на ФИРОМ, или туристичките потенцијали на бившата југословенска република… Ризикот скандинавските новинари сега, несвесно или поради несигурност, од недоволно внимание, а некаде и поради извесни мотиви, да почнат да пишуваат со слеана придавка за „северномакедонски фудбалери“, или, можеби, „северномакедонска економија“, е реален и не е за потценување.
Во секој случај, веројатно со целосна сигурност може да се тврди дека барем за јазикот нема да се отворат какви било дилеми, односно дека и понатаму во скандинавскиот јазичен и медиумски простор ќе биде само и исклучиво “makedonska“ (македонски) – и апсолутно ништо друго.