Северна Македонија и Јапонија одбележуваат 25 години дипломатски односи

84

Девет проекти за шест региони ќе бидат потпишани денеска по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија.

На церемонијата на потпишувањето на грант договорите  ќе присуствува јапонската амбасадорка Кеико Ханеда и девет директори од институциите добитници на грантовите, министрите за здравство, за образование, за локална самоуправа, Венко Филипче, Арбер Адеми, Сухејл Фазлиу и заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар.

На приемот по повод 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи ќе се обратат амбасадорката Ханеда и шефот на дипломатијата Никола Димитров, а ќе бидат објавени и добитниците на грант помошта за оваа година.

Македонија и Јапонија пред 25 години ги воспоставија дипломатските односи. Амбасада на Северна Македонија во Јапонија е отворена во мај 2013 година, јапонската во земјава во јануари 2017 година. Кеико Ханеда, која е повеќе од една година на функцијата е првата резидентна амбасадорка на Јапонија во земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...