Северина со шокантни обвинувања: Мојот син во училиштето го заклучиле и злоставувале!

Според пејачката, наставничките два часа го заклучиле малиот Александар во училиштето и не му дозволувале да си оди дома со сопругот на Северина, Игор Којиќ.

1819

Хрватската пејачка Северина Којиќ на денешната прес-конференција пред почетокот на нејзината турнеја открила дека има големи приватни проблеми и го обвинила училиштето во кое учи нејзиниот син Александар ги злоупотребува децата, пишува „Индекс.хр“.

Според пејачката, наставничките два часа го заклучиле малиот Александар во училиштето и не му дозволувале да си оди дома со сопругот на Северина, Игор Којиќ.

– Во животот ми се случуваат многу тешки работи имајќи ја предвид ситуацијата со моето дете и сопругот. Во петокот се случил инцидент во училиштето каде што мојот син оди во второ оделение на меѓународна програма. Учителките го заклучиле во училиштето, го провоцирале и физички и психички го повредиле и два часа го задржувале и не го пуштале да го преземе мојот сопруг, бидејќи јас лично не можев да дојдам по него – рекла 47-годишната Северина.

– Со оглед на тоа што никој освен мене не може да го одведе моето дете надвор од училиште, на тој начин мене, како мајка, ме оневозможува да ја извршувам својата работа или да бидам болна па поради тоа да не можам да дојдам по детето – додала Северина.

„Јас им испратив и извинување затоа што имав мала повреда од танцовите проби. До ден денес никој од училиштето не ми се јави. Јас сè уште добивам заканувачки имејлови од таткото, моето дете не сака да оди на училиште затоа што претрпе голема траума. Тој се исплаши, мислеше дека цело време ќе биде затворен во училиштето. Тие го влечеле за раката, по рамената, за стомакот, сето тоа го имам во медицински извештај, и му се заканувале дека ќе го тепаат ако стана од столот – тврди пејачката.

Тврдењата на Северина ги коментирала управителката на училиштето.

– Јас тоа не сум го видела, но знам за што зборувате од прашањето на новинарот, телефоните не прекинуваат да ѕвонат. Секако дека сето тоа е фикција, но се водат низа процеси и бидејќи се работи за дете, вам ви е јасно дека ќе се воздржам од изјави – рекла директорката на училиштето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...