Хрватската пејачка Северина Којиќ во последното интервју за „Новости.рс“ изјавила дека лани го дознала името на човекот кој ја украл порноснимката од неа и бизнисменот Милан Лучиќ што ја снимиле во 2000 година.
„Животот генерално нè казнува сите. Некои праведно, некои не. Но, од временска дистанца успеав да се издигнам над сè што ми се случи тогаш. Тоа беше многу грда работа која поради глупост и злоба ја направи една личност. Знам кој е, дознав минатата година – рекла Северина алудирајќи на експлицитната снимка од неа и бизнисменот Милан Лучиќ.
„Кога ќе поминете низ јавно осрамотување, сакале или не, мора да научите да се изборите со тоа. Во еден момент ми се јави Арсен Дедиќ, бидејќи бевме блиски пријатели и ми рече: „Колешке, слушам дека излегол некој филм, но дека нема музика, па се препорачувам, бидејќи сум филмски композитор“. Тоа беше прекрасно. Никогаш нема да ја заборавам таа поддршка. Имаше многу такви луѓе и се чувствував многу среќно и привилегирано. Потоа ми рече: „Малечка, напишав една песна за тебе. Дојди.“ Тоа беше песната „Сама на сцена“, апсолутно соодветна за тој период, и знаете, кога имате таква песна од Арсен, тогаш сето ова другото е неважно – рекла пејачката во интервјуто за „Новости.рс“.
Целата афера околу експлицитната видеоснимка од бродот излезе во 2004 година. Уредникот на порталот „Индекс.хр“, објави жешки кадри со наслов „Луѓе, имаме порно со Северина“.
– Тоа е моја приватна снимка, не би можела да зборувам за тоа како е украдена, со тоа само на полицијата би ѝ ја отежнала работата – рекла Северина.