Северина осудена за семејно насилство, на поранешниот му се заканувала

Како што дознава српски „Телеграф“, на 24 отктомври е одржано судење во Општинскиот прекршочен суд во Загреб, на кој судот ја обвинил Северина за насилство во семејството.

1201
ФОТО: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Хрватската пејачка Северина Којиќ е осудена за семејно насилство во загрепскиот суд поради тоа што упатила закани кон српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кого го има синот Александар. Поповиќ поради заканувачките пораки што ги добил по имејл од Северина, поднел пријава за семејно насилство, а во имејлот го омаловажувала, навредувала и го нарекувала со погрдни имиња, дури навела и на кои начини би го повредила, што на суд е и утврдено.

Како што дознава српски „Телеграф“, на 24 отктомври е одржано судење во Општинскиот прекршочен суд во Загреб, на кој судот ја обвинил Северина за насилство во семејството. Според наводите на изворот упатен во случајот, во пресудата е наведено дека пејачката против Милан Поповиќ извршила психичко насилство, кое кај жртвата предизвикало повреда на достоинството и честа.

– Северина е обвинета за семејно насилство поради испраќање заканувачки имејл на Милан, во кој го споредува со Адолф Хитлер, наведувајќи дека и Хитлер барем некој го сакал. Таа во пораките пишува дека ќе му ги искрши коските и дека таквите како него ги силуваат во затвор – рекол извор упатен во случајот и додал дека пејачката ќе мора да ги сноси трошоците.

ФОТО: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...