Северина облеана во солзи, го изгуби старателството врз синот

Адвокатот додаде дека одлуката стапува во сила веднаш, односно дека жалбата нема да го одложи извршувањето

976

Северина и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ, денеска требало да се состанат во Општинскиот граѓански суд во Загреб, но ни двајцата не се појавиле.

Во приватната битка околу старателството за синот, Северина го загубила спорот.

„Задоволни сме со пресудата иако уште не е правосилна. Се надеваме дека мајката ќе ги почитува привремените мерки“, рекол за 24Сата.хр авокатот на Милан.

Поповиќ сам ќе треба да се грижи за здравјето и образованието на детето , потврди адвокатот на Северина, Мате Матиќ. При изрекувањето на пресудата не биле присутни ниту Северина, ниту Поповиќ.

Судијката Теа Голуб донела привремена мерка и одлучила да пресуди детето да живее со таткото, и таткото самостојно да се грижи за здравјето и за образованието на детето.

Застапниците на Северина оваа одлука ќе се обидат да ја оспорат со оглед на фактот што против Милан Поповиќ поднеле казнена пријава поради повреда на правата на детето.

Не знам што би ви рекла. Не го очекував ова затоа што е направен преседан во постапката – рекла гушејќи се во солзи Северина Којиќ за „Јутарњи лист“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...