Хрватската пејачка Северина Којиќ (47) вели дека одлучила да го отпише синот од училиштето во кое оди од 2018 година, пишува „24сата.хр“.
Северина раскажала дека нејзиниот син веќе еден месец не сака да оди во училиште.
– Последната состојба со Александар е голем проблем со тоа училиште каде што психички и физички го малтретираа моето дете. Моето дете веќе еден месец не оди на училиште … Самиот Александар изрази желба дека не сака да оди во тоа училиште затоа што за него тоа беше многу тешка и стресна ситуација. Сакам да се знае и да се слушне дека нема да запрам. И апсолутно ќе го префрлам во друго училиште – изјави пејачката за „Слободна Далмација“.
Таа се осврна и на судирот со таткото на нејзиното дете, Милан Поповиќ, за кого претходно тврдеше дека е во договор со директорот на училиштето.
– Може да се нарече борба, но не сакам да го наречам така. Тоа е нормална работа и секој маж, мајка и родител не сака да му прават проблеми на сопственото дете , дури и ако тоа е нивниот татко. Но, кај нас, сините коверти работат, многу е тешко да се справите со нив. Ова првенствено оди на адресите на луѓе кои треба да ги санкционираат сините коверти во секоја структура, од училиштата до судството. И тоа не е само мој проблем, тоа е проблемот на многу мајки кои ми се јавуваат – вели Северина.
Но, извори блиски до таткото на детето, Милан Поповиќ (54), тврдат поинаку. Тие велат дека детето минатата недело било во училиште.