Северина Којиќ утрово ги изненади следбениците на Инстаграм со фотографија од болничка соба која потоа ја избришала.
Според хрватски Index, Северина вчера завршила на рутинска операција поради која ќе мора да мирува две недели.
– На Северина вчера и е извршена рутинска операција од кила, која подолг период и создавала проблеми во секојдневниот живот, но и за време на настапите, поради што некои била принудена да ги откаже, бидејќи болките биле неиздржливи – изјавил Гргим за Index.hr
Според него, операцијата поминала добро.
– Зафатот помина добро и Северина веќе денеска ќе биде пуштена дома со препорака на лекарите да мирува – изјавил тој.