Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито. Дневната температура нема да се разликува во однос на утринската, а на повисоките места дополнително ќе опаѓа.
Температурата ќе се двиќи од минус 1 до 6 степени. Во Скопје од 2 до 3 степени.
Денеска ќе дува засилен ветер од северозападен правец што ќе предизвика значителен пад на дневната температура. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури.