Сеад Кочан: Не се чувствувам виновен, покрај сувото гори и суровото

561

 Првообвинетиот во предметот „Труст“ Сеад Кочан денеска во завршните зборови рече дека, покрај сувото гори и суровото, посочувајќи дека не се чувствува виновен.

– Не се чувствувам виновен затоа што не сум имал никаква умисла да прекршам било кој закон, рече Кочан.

Единствена цел ми беше да бидам конкурентен на пазарот и да обезбедам работа за моите вработени и нивните семејства, рече Кочан пред судот.

И обвинетиот Василије Авировиќ  во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен за делото за кое се товари.

-Таквото неосновано обвинение дополнително ја загрози мојата здравствена состојба, која уште од раното дејство ми е многу кревка, рече Авировиќ.

И Кочан и Авировиќ пред судот рекоа дека се приклучуваат кон завршните зборови на одбраната.

Почна судењето за „Труст“, завршни зборови изнесуваат обвинетите во овој случај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...