Сеат Кочан, кој е правосилно обвинет во случајот „Труст“, до СЈО доставил ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор, поради здравствени причини.
– Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со издржувањето на казната затвор на еден од правосилно осудените лица во предметот „Труст“, информираме дека до надлежниот судија за извршување санкции доставено е ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор по кое барање Судот веднаш се обрати до приватната клиника каде е хоспитализиран осудениот за добивање на целокупната документација поврзана со барањето – велат од судот.
По добивање на неопходната документација, посочуваат од Кривиниот суд, надлежниот судија дополително ќе одлучи дали барањето ќе биде разгледано и по него ќе се одлучува или тоа ќе биде отфрлено.