СДСМ ќе одлучува за коалициите по изборите

Министерот Сугарески се осврна на изјавата на Али Ахмети дека ДУИ ќе колаицира со партија која ги почитува Рамковниот договор и договорите со Грција и со Бугарија

397

Фокусот на СДСМ во моментот е на спроведување демократски избори на 12 април, а за коалицирањето ќе се одлучува по изборите, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

-Ние сме сконцентрирани сега на тоа на 12 април да се случат демократски избори на кои што сум убеден дека СДСМ ќе победи. Во делот на коалицирањето ќе се одлучува потоа – рече Сугарески, на прес конференција, запрашан дали повторно се отвара патот за коалицирање на СДСМ со сегашните коалициски партнери од ДУИ, по синоќешната изјава на Али Ахмети.

Ахмети, на 4.Конгрес на ДУИ, одржан синоќа во Скопје, порача дека се подготвени за коалиција со оној кој ќе ги почитува Охридскиот рамковен договор и Преспанскиот договор, кој заедно со Договорот за добрососедство со Бугарија ги посочи како затворени прашања кои обезбедуваат посигурна иднина на земјата.

-Секое настојување за ставање раце на овие три елементи ќе биде соочено со отпор и нас нема да не има за партнери – кажа Ахмети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...