СДСМ ќе избира претседатели на комисии денеска на Централен одбор

242

Изборот на претседатели на комисиите како помошни тела на СДСМ ќе биде доминантна тема на денешниот состанок на Централниот одбор на владејачката партија. Изборот на потпретседатели не е на дневниот ред, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев пред почетокот на седницата на Централниот одбор во партиското седиште во Скопје.

– Доминантна тема е изборот на претседатели на комисиите како помошни тела. Тоа се стручните тела на СДСМ, извршниот одбор ги утврди, а сега согласно статутот на партијата мора да ги утврдиме и на Централниот одбор, потоа следува нивно доекипирање – рече Заев.

Тој најави дека денеска на Централниот одбор ќе биде соопштен и изборот на новата координаторка на Форумот на жени на СДСМ, а ќе се дискутира и за актуелните политички случувања, како и за идните теренски активности како подготвка на партијата за претстојниот период.

Запрашан дали на денешниот состанок на Централниот одбор на дневен ред е и изборот на потпретседателите на партијата, Заев рече дека сѐ уште немаат одлука за тоа и затоа тоа нема да биде тема на Централниот одбор.

Седницата на ЦО на владејачката СДСМ се одржува непосредно пред лидерската средба која премиерот и лидер на партијата Заев ја закажа за утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...