СДСМ: Ќе ги повика ли ВМРО-ДПМНЕ пратениците обвинети за криминал да поднесат оставка?

497
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

На тема одговорност, сега има само едно прашање: Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ги повика пратениците кои се обвинети за криминали да поднесат оставка? Ова стои во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

– Повлекувањето од функцијата пратеник во собранието на Павле Богоевски  претставува висок морален чин и чувство на лична одговорност пред граѓаните. Тоа за ВМРО-ДПМНЕ останува непозната категорија. Оставката на пратеникот Богоевски од морални причини го отвори најзначајното прашање: Дали пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси ќе покажат морална одговорност и ќе поднесат оставка од функцијата пратеник во Собранието на Република Северна Македонија? Дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе престанат да го штитат криминалот на Никола Груевски, нивниот почесен претседател во бегство и ќе гласаат „за“ одземање на неговиот мандат? – се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека „сѐ додека опозициската партија не даде одговор на овие прашања нема минимум кредибилитет да зборува за морал и одговорност“.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...