ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја злоупотребуваше полицијата, а Министерството за внатрешни работи по признание на тогашната министерка Гордана Јанкуловска го претвори во МВРО-ВМРО, не знае што се професионални и независни институции, реагира СДСМ.
– Последен пример е токму случајот со Митко Чавков, партиска инсталација на ВМРО ДПМНЕ кој беше на чело на БЈБ а сега е на обвинителна клупа. Судската постапка ќе покаже што се правеле овие партиски кадри на ВМРО ДПМНЕ на 27-ми април кога беше нападното Собранието и загрозени животите на пратеници и новинари. Тоа време заврши, следува одговорност. Јасно е дека за опозциската партија којашто е симбол за партизирање институции, незамисливо е професионалци да раководат со безбедносните служби, соопшти СДСМ.