СДСМ: Уште една лага од ВМРО-ДПМНЕ, јавната набавка на Град Скопје е законска

296

Уште една лага од ВМРО-ДПМНЕ,  јавната набавка на Град Скопје е законска, со посочената компанија соработувал и Коце Трајановски

ВМРО ДПМНЕ продолжува со очајно ширење лаги и измислување на непостоечки случаи со кои се обидува да ја манипулира јавноста.

Нема ништо незаконско во јавната набавка за која денеска лажеше ВМРО-ДПМНЕ, соопштија денеска од СДСМ.

Како што јавно соопшти Град Скопје, соработката со посочената компанија се заснова на јавен повик за јавна набавка која е помината низ сите законски постапки и спроведена јавна набавка на која можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите.

Уште еден факт со кој се побиваат шпекулациите и невистините на ВМРО ДПМНЕ е и дека истата оваа компанија соработувала со  Град Скопје и во минатото, кога градоначалник на Град Скопје бил Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквите неосновани обвинувања се уште еден неуспешен обид на ВМРО ДПМНЕ за манипулирање на јавноста. Граѓаните одамна ја препознаа ВМРО-ДПМНЕ како извор на лажни вести и затоа никој веќе не верува во лагите и измислиците од белиот дворец, нагласуваат од СДСМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...