СДСМ утре на координација, очекува конкретни предлози за претседател од коалицијата

262

Процесот на разговори околу изнаоѓање заеднички кандидат продолжува, рече денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и најави дека утревечер во партијата ќе почне да се разгледуваат нивните анализи и предлози, но и она што им го посочиле партиите со кои бараат заеднички кандидат, а при носењето одлука ќе ги имаат предвид интересите на граѓаните и државата.

-Ние утревечер имаме координација. Дотогаш очекуваме сублимат од сите политиички партии за нивни сугестии околу анализите кои ги направија, но и да сугериираат конкретни имиња – рече Заев одговарајќи на новинарско прашање пред презентацијата на Оперативниот план за вработување за 2019 година.

Тој додаде дека утревечер СДСМ ќе почне да одлучува врз база на сите анализи и информации кои како партија ги имаат, од сугестиите од своите тела, но и од сугестиите од партиите со кои, како што истакна, сакаат заедно да застанат зад заеднички кандидат.

-Имаме преважни работи пред нас, работи кои се важни за државата и граѓаните. Една од нив е можноста да се застане зад заеднички кандидат и заради едно општество за сите и заради иднината на нашата земја – рече Заев.

Според него, нема поголеми проблеми меѓу коалициските парнери, а одредени слабости, рече, веројатно се наше секојдневие, и ќе ги решаваме. Но, додаде Заев, во никој случај тие не треба да ги загрозат глобалните процеси кои се важни за сите граѓани и државата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...