СДСМ удри по Милошоски, а за аудио „бомбата“ за Заев велат дека е лажна

1091

Паника и нервоза владее во ВМРО-ДПМНЕ од носењето на Законот за јавно обвинителство и од тоа што не успеаја да го одбранат криминалот на Никола Груевски. Ако се толку уверени во своите лаги, итно нека поднесат се што имаат како материјали до институциите, па низ јавни и отворени постапки да ги видиме наводните докази, се вели во реакцијата на СДСМ откако денеска пратеникот Антонио Милошоски во Собранието објави аудио снимка за лидерот на социјалдемократите Зоран Заев.

„Милошоски е очаен  криминалец и очигледен е стравот кај него од владеење на правото и од независен судски систем што впрочем се обезбедува со носењето на ЗЈО.

Милошоски е криминалец, радикал и штетен за државните интереси, познат по незаконската лустрацијата, сомнителните зделки и тајните преговори за името“ се ели во реакцијата на СДСМ

Граѓаните, како што велат, многу добро знаат како ВМРО-ДПМНЕ постапуваше со медиумите и новинарите. Од закани за фрлање во ендеци, апсења и затворање на новинари, упади во медиуми, венци за новинари на домашни адреси, до медиумски мрак и загушени медиумски слободи.

„Оваа власт предводена од СДСМ ја врати слободата и има ист третман кон сите медиуми. Оваа власт не троши државни пари за да поткупува медиуми и новинари. Зоран Заев е прв политичар кој на човек кој јавно го величал, му испратил порака дека ако го прекршил законот – ќе одговара, што впрочем се дозна и вчера на судското рочиште. Република Северна Македонија е правна држава во која законите владеат за сите подеднакво и секој кој постапувал незаконски одговара за своите постапки. ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, а Антонио Милошоски, Христијан Мицкоски и Никола Груевски се носители на криминалот“, се вели во реакцијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...