Ефикасноста на институциите дава резултати, трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти. Посветеноста на институциите во борбата против криумчарење мигранти дава резултати. Ова се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавност на Социјалдемократскиот сојуз.
– Според официјалните податоци, во 2018 година, трикратно е зголемено спречувањето на криумчарење мигранти во земјата. Националната агенција за спречување на криумчарење мигранти и трговија со луѓе формирана од Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство дава реални резултати. Институциите се трипати подобри и поефикасни во спречувањето на криумчарењето и трговијата со луѓе. МВР со своето ефикасно и професионално делување, покажува како се работи во интерес на граѓаните – стои во соопштението.