Функционери на СДСМ од синоќа тераат сеир со транспарентот на ВМРО-ДПМНЕ „Заев е виновен“, кој беше носен на маршот за правда на ВМРО-ДПМНЕ. Демонстрантите го почнаа маршот со транспарентот свртен наопаку и по укажувањето го свртеа од правилната страна.
Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули за извртените букви на Фејсбук напиша дека можеби е на унгарски напишано, додека скопскиот градоначалник Петре Шилегов напиша:
– Ги учев англиски, математика, ај сега и правопис.