СДСМ: Сценаристи на инцидентот во затворот се Мицкоски и Груевски, одговорност за крвавиот 27 април мора да има

858

Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Христијан Мицкоски и Никола Груевски. Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку нови насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како осoмничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април, изјави вечерва Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Тој рече дека „медиуми и интернет портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ, денеска синхронизирано пласираа голем број неточни, лажни вести и шпекулации како дел од ова сценарио“.

– Однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа. Особено, имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот.

СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка.  Нема толеранција за било какво насилство.

Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски.

Очекуваме сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент.

Нема да им дозволиме на Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните.

Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее, одговорност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има, нагласи Костадинов.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...