Едно срамно обраќање на Ѓорге Иванов не може да го расипе блескавиот меѓународен имиџ што Македонија го изгради во изминатите месеци. Не може гордоста кај секој граѓанин од успехот на Македонија да се сруши со ваков настап на Иванов, последниот остаток од криминалниот режим, реагира СДСМ на говорот на Иванов во ОН.
– Во деновите клучни за иднината на државата и нејзините граѓани, Иванов остана доследен на неговото деструктивно и антидржавно однесување. Иако и самиот знае дека нема да успее, Иванов никако не ја напушта својата идеја за изолација на Македонија. Срамно е тоа што човек што ја извршува функцијата Претседател, се служи со невистини, манипулирајќи ја јавноста. Целосно е јасно дека референдумот е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО со обезбеден и зајакнат македонски идентитет. Не постои План Б. Тоа го знаат сите и беше јасно истакнато од сите високи претставници од ЕУ и НАТО кои што и подадоа рака на нашата татковина. Македонија, нејзините сегашни и идни генерации немаат нови децении за губење. Граѓаните во недела масовно ќе излезат и ќе го искористат нивното врвно демократско право и слободно ќе гласаат на референдумот. Иванов не е тој што одлучува. Одлучуваат единстевно граѓаните кои ќе излезат на референдум. Граѓаните избираат иднина, избираат членство во НАТО и ЕУ, соопшти СДСМ.