Црнилата на ВМРО-ДПМНЕ за кои зборува Мицкоски, за 11 години иселија 600 илјади граѓани, завршија. Македонија сега има јасна иднина, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.
– „Нож“, „пишти – вришти“,„убивање“ и слични зборови, тоа е речникот на Христијан Мицкоски со кој се обраќа пред подмладокот на сопствената партија. Саде црнила, негативност, нискост. Тоа е капацитетот на антизападниот Христијан Мицкоски, левата рака на Никола Груевски. Друго и не може да се очекува од него, со секое ново обраќање Мицкоски потврдува дека е недостоен за Македонија и неспособен, дека нема план, нема визија. Црнила беа криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ кои буквално протераа 600.000 граѓани, пред се млади во потрага по подобар живот – се наведува во соопштението.
Оттаму велат дека Македонија живеела во изолација без иднина, без насока, далеку од ЕУ и НАТО.
– Денес Македонија е на сигурна шина кон иднината и цврсто чекори кон НАТО и ЕУ, кон интеграција. Црнила се тепњето на студентите од страна на режимот, експериментите во образованието и потценувањето на младите. Денеска младите се партнери на добрите политики, слободни, со јасна перспектива на земја која чекори кон иднина, кон НАТО и ЕУ. Црнилата се 11 години намерно осирмашување на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот Мицковски, додека сега од ден на ден се намалува сиромаштијата и парите се враќаат назад кај граѓаните. Црнилата беа малтретирањата на граѓаните и фирмите, „пиштење-вриштење„ со нарачни казни и затворање на фирмите, денеска казните се намалени за 75 отсто. Времето на црнила заврши со заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија чекори кон подобро утре – стои во соопштението.
Оттаму додаваат дека „секој ден сме се поблиску до ЕУ и НАТО“.
– Секој ден сме чекор понапред во борбата со сиромаштијата. Чекор по чекор ги подобруваме условите за живот на најранливите, на осиромашените. Работите се менуваат, проблемите се решаваат – се вели во соопштението.