СДСМ се ребрендира во црвено-бел и тргнува „на прав пат“ (ВИДЕО)

2049

СДСМ се ребрендира и почнува кампања „На прав пат“. Црвена и бела ќе биде партиската боја, исто како и европските социјалдемократи.

– Под слоганот „На прав пат“ СДСМ започнува караван на отворени, јавни трибини со граѓаните ширум републиката. На повеќе од 20 граѓански форуми, директно со граѓаните, да ги слушнеме нивните ставови, но и да го презентираме сработеното во изминатите 2 години. За секој регион, за секое неше населено место. Првата трибина започнува оваа сабота, на петти октовмри во Штип, а на неа ќе учествува и претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Граѓанските трибини на СДСМ, во поголемите градови се планирани секој викенд, а преку работните денови ќе се одржуваат помали трибини во помалите општини или населени места, во попладневните часови – најави генералниот секретар Љупчо Николовски.

Тој, како што гласи и слогат, вели оти на прав пат е економијата поја од минус 1,8 отсто во време на ВМРО-ДПМНЕ пораснала на плус 4,1.

– Невработеноста ја намаливме на историски најниски 17,5 отст. За 2 години отворени се над 50 илјади нови работни места. На прав е враќањето пари назад кај граѓаните и растот на платите. За само 2 години просечната плата порасна за 2.000 денари и тој тренд продолжува. Миниминалната плата ја зголемиваме од 9.000 на 12.500 и работиме на ново покачување – рече генералниот секретар продолжувајќи да набрјува и други мерки кои ги оствариле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...