СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ нема јасен став за референдумот

46

Дали на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи напредокот на Македонија кон ЕУ и НАТО па затоа не соопштуваат став за референдумот, праша СДСМ.

– Дали и денеска ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно нема да покажат одговорност пред граѓаните и државата и нема да соопштат јасен став за референдумот за македонската иднина?

ВМРО-ДПМНЕ е единствениот политички субјект што нема јасен став за најважното прашање во поновата македонска историја.

Дали на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им пречи напредокот на Македонија? Дали им пречи тоа што пред нас е шансата за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарантиран македонски идентитет?

Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да ја вратат Македонија во темното минато, во времето на насилство, криминал, неизвесност и тензии?

Граѓаните се определени за светла иднина, за влез на Македонија во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.

Граѓаните се определени за развој, напредок и интеграција.

Затоа на 30 септември одлучно и достоинствено граѓаните ќе кажат ДА за членство во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет, ќе кажат ДА за македонската иднина, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...