СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство!

200

Со ставот дека казните против злосторниците во Нирнбершкиот процес биле драконски, ВМРО-ДПМНЕ и денеска застана во одбрана на фашизмот и злостроствата направени во Втората светка војна. Освен во одбрана на фашизмот, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски денеска повторно се во одбрана на насилствата од 27 април наместо да ги осудат, реагира СДСМ.

– 27 април е еден од најтрагичните датуми од независноста па до денес. Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски оправдуваат насилство! Тоа докажува дека матрицата на Никола Груевски за насилство, криминал и конфликти функционира и денес преку Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога се нарачуваа и монтираа случаи, кога се вршеше политички прогон и кога се диктираа и пишуваа пресуди надвор од судовите, најчесто во белиот дворец. Денес, обвинителството и судството работат независно и професионално, постапуваат согласно законите, во интерес на граѓаните, во служба на законите и правдината – соопшти СДСМ.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...