Во седиштето на владејачката СДСМ вечерва почна седницата на Извршниот одбор на партијата.
На состанокот присуствува целото раководство предводено од премиерот и лидер на партијата Зоран Заев, министрите Радмила Шекеринска, Драган Тевдовски, Горан Сугарески, Љупчо Николоски, градоначалниците на Скопје и на Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев, министерот за дијаспора Едмонд Адеми и пратеници и други членови на Извршниот одбор.
Од партијата посочуваат дека се работи за редовен состанок на раководството на партијата и дека дел од темите ќе биде актуелната политичка состојба во државата по референдумот што се одржа во неделата.
Пред почетокот на состанокот ниту еден од членовите на Извршниот одбор на СДСМ не сакаше да даде изјава за медиумите, а нема информации дали по завршувањето на состанокот некој ќе се обрати пред новинарските екипи или, пак, информирации за состанокот ќе бидат соопштени преку соопштение.