СДСМ прифаќа Чулев да биде технички министер за внатрешни работи

557

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев да биде технички министер во министерството за внатершни работи е прифатлив за СДСМ.

Според партијата, Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми.

„Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април“, соопшти СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...