СДСМ: Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп со бокс во глава нападнал стоматолог ВИДЕО

1047

ВМРО-ДПМНЕ – партијата која 12 години владееше со терор, закани, уцени и притисоци, се’ уште е заглавена во истата насилничка матрица, реагира Филип Попоски, портпарол на СДСМ Прилеп.  

„Ништо не е променето во партијата чиј почесен претседател е криминалецот и  бегалец од правдата, Никола Груевски. Информациите кои вчеравечер ја преплавија прилепската јавност, дека Петар Ристески – првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Општина Прилеп, бил инволвиран во физичка пресметка, денеска ги потврди и СВР Битола. Полицијата информираше дека нашиот сограѓанин, познатиот стоматолог Благоја Бисеркоски, пријавил дека синоќа во центарот на градот бил физички нападнат од страна на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, Петар Ристески. Вчера на својот Фејсбук профил, докторот Бисеркоски напиша дека бил нападнат и удрен со бокс во главата од страна на координаторот на прилепското  ВМРО-ДПМНЕ и дека претходно Ристески му упатил лични и закани по неговата фамилија“, вели Попоски.

Во продолжение реакцијата на СДСМ:

„Граѓаните на Прилеп се згрозени од ваквото однесување на Петар Ристески – Пеката.

Наместо инциденти и физички пресметки во кои се инволвирани највисоките локални функционери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои со своето непримерно однесување се издвојува нивниот координатор Петар Ристески, на политичката јавност и’ е потребна опозиција која ќе промовира позитивни идеи и предлози за подобро утре на сите во градот и во државата“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...