СДСМ потврди дека еден од починатите е син на пратеник

1496

Вкупно 14 загинати е засега официјалниот биланс од несреќата што се случи попладнево на патот СКопје – Тетово, во близина на Карпалак.

Како што информира вечерва министерот Венко Филипче, седум лица починале на местото на несреќата, шест во ГОБ „8-ми Септември“ и едно лице во старата Градска болница во Скопје.

Од вкупно згрижените 32 лица во ГОБ „8-ми Септември“, четири се во критична состојба, а сериозна е и состојбата на уште двајца повредени кои се хоспитализирани во Ургентниот центар.

Меѓу починатите, како што потврди СДСМ за МИА, е и 25-годишниот Јовица Трпевски, син на пратеникот од оваа партија Благојче Трпевски.

Имињата на 14-те загинати се уште не се соопштени зашто во тек е нивна идетификација на Институтот за судска медицина.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...