СДСМ: Отворени нови 14 илјади работни места, извозот поголем за 16 отсто

245

Економијата во 2018 година се придвижи во вистински правец, по 11 години уназадување и економско осиромашување на граѓаните, има стабилен раст, пораснаа и платите, а сѐ повеќе пари се враќаат назад кај граѓаните. Планот за економски раст ги даде очекуваните резултати – соопштуваат од СДСМ.

За клучни 10 позитивни економски показатели и придобивки во 2018 година од оваа партија ги издвојуваат:

1.Раст на економијата во два квартала. Во вториот квартал од 2018 година, економијата односно бруто домашниот производ порасна за 3,1 отсто. Во третиот квартал растот е 3 отсто.

2. Просечната плата се зголеми за 5.7 отсто од почеток на годината. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат раст на просечната плата и таа изнесува 24.817 денари.

3. Зголемена е миниминалната плата од 9 илјади на 12 илјади денари и важи за сите стопански гранки. 90.000 работници сега добиваат поголема минимална плата.

4. Отворени се нови 14 илјади работни места за граѓаните.

5. Порасна бројот на вработени во индустријата. Во периодот јануари – ноември 2018 бројот на работници во индустријата е зголемен за 6,3 отсто во однос на истиот период од 2017 година.

6. Раст на индустриското производство. Во период јануари – ноември 2018 индустриското производство бележи раст од 5.2% во споредба со истиот период лани.

7. Невработеноста се намали и сега изнесува 20.8 отсто .

8. Зголемена е финансиската поддршка за земјоделците. Тоа придонесе годинава да се постигне највисока откупна цена на тутунот од 217.6 денари за килограм како и највисока откупа цена на грозјето (13.55 денари за вранец а 12.25 за смедеревка).

9. Извозот е за 16 отсто повисок во однос на лани.

10. Повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 18 отсто во однос на минатата година, и изнесува 370,7 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...