Осудениот криминалец Никола Груевски, очигледно незадоволен од учинокот на Христијан Мицкоски, се јави повторно, заедно се ставени во одбрана на криминалот. Правдата и одговорноста се нивните најголеми кошмари, се наведува во соопштението на СДСМ.
– Осудениот криминалец Никола Груевски го чека затворска казна и неговото столче во ќелија. Сите оние што бранат криминал, како Христијан Мицкоски, мора да знаат дека никој нема да се спаси од одговорност. Правда ќе има – се вели во соопштението.