Најавата на осудениот криминалец, Никола Груевски, ја потврди неговата директната поврзаност со Христијан Мицкоски, реагираше СДСМ.
Од владејчката партија велат дека ВМРО-ДПМНЕ се води од Будимпешта, од каде Груевски дава команди, а Мицкоски исполнува.
„Одлуките на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на Мицкоски, однесувањето на пратениците на оваа партија во мандатно имунитетната комисија, кои не гласаа за одземање на мандатот, е по наредба на Груевски и во директна координација со Мицкоски. Мицкоски нема храброст ништо да направи, дури ниту да постапи по Закон и Устав, ниту да донесе некаква одлука. Со најавената оставка Никола Груевски му помага на Мицкоски, го спасува, за неговата потчинетост и неспособност да постапи по закон, кои се веќе толку видливи и граѓаните ги препознаваат. Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се обвинети во судски процеси, меѓу кои и Трајко Вељановски, Тарчуловски, Милошовски треба да поднесат оставки од морални и правни причини“, се наведува во соопштението на СДСМ.