СДСМ одлучи да нема предвремени парламентарни избори

1868

Извршниот одбор на СДСМ одлучи да нема предвремени парламентарни избори, потврди за Плусинфо висок партиски функционер.

Претходно и премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев изјави дека „верува дека не е добро време за избори“.

– Направивме анализи и истражувања, разговаравме со меѓународните фактори и Општинските организации, Централниот одбор дебатираше и даде насоки уште пред нкеколку седмици, јас верувам дека ќе донесеме одлука – рече пред седницата Заев.

Со вечерашната одлука и дефинитивно отпадна можноста во пакет со претседателските да се одржат и предвремени парламентарни избори. Според информациите, на седницата преовладало мислењето дека реформите и интеграциите во моментов се поважни за земјата.

Против предвремени парламентарни избори веќе се изјасни и владиниот партнер на Заев, Али Ахмети, како и дел помали коалициски партнери на СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...