СДСМ: Скандал е ако Иванов не ја почитува волјата на граѓаните на референдум

498

Ѓорге Иванов работи спротивно на интересите на државата, нема чувство за реалноста ниту за значајноста на моментот во кој се наоѓа Република Македонија, реагира СДСМ на демантот и обвинувањата на шефот на државата дека премиерот лаже дека Иванов ќе го поддржи Договорот за името со Грција.

– Постигнатиот Договор со кој е става крај на 25 годишниот спор го зајакнува македонскиот идентитет и е важен чекор за полноправно членство во ЕУ и НАТО.
Ако на Иванов не му е јасно дека Договорот е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО нека ги преслуша пораките од целиот демократски свет, од сите демократски лидери.
Демократскиот свет го поздравува напредокот со постигнатиот Договор и можноста којашто се отвора за полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ.
Најавата на Иванов дека нема да ја почитува волјата на граѓаните искажана на референдум е во најмала рака скандалозна за секој нормален, одговорен политичар.
Претседател на држава не треба да се спротивставува на волјата на граѓаните, на огромното мнозинство граѓани, туку да ја почитува.
Иванов не смее да се става над законите и Уставо, тој е должен да го потпише Указот за Законот за ратификација на Договорот.
Иванов треба да има предвид дека СДСМ, граѓаните, демократската јавност, нема да дозволат ниту една деструктивна сила да ја закочи македонската иднина, ниту пак да ја врати Македонија во мрачното минато на изолација, поделби и неизвеснот, стои во соопштението на СДСМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...