Над 15.000 граѓани денеска се приклучија на маршот ,,Чекориме за правда” кој започна од пред Собранието на Република Северна Македонија, соопштија вечерва од СДСМ.
Граѓаните се сплотија околу заложбите за силна правна држава, независен судски систем и неселктивно владеење на правото.
На маршот свое обраќање имаат Џабир Дерала, граѓански активист, Соња Мираковска пратеничка во Собранието и Зоран Заев, претседател на СДСМ.