Христијан Мицкоски пропушти уште една шанса да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени коишто го гарантираат македонскиот идентитет и го отвораат патот кон ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на Социјалдемократскиот сојуз.
-Со однапред снимени обраќања Мицкоски бега од јавноста и од одговори за неговите обиди за кочење на македонската иднина. Со тоа, Мицкоски пропушти шанса да застане на страната на иднината и напредокот и остана заробен во минатото на изолација и уназадување. Мицкоски останува пион на Никола Груевски кој по секоја цена сака амнестија за неговиот претходник.Очигледно дека Мицкоски би посакал и криза за да може да се пазари за амнестија за Груевски-се вели во соопштението.
Оттаму додаваат дека нема да има амнестија, ниту ќе има криза.
-Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да ги поддржат уставните измени и изберат иднина во ЕУ и НАТО наместо амнестија и изолација. Но ако Мицкоски продолжи со блокада само за да обезбеди амнестија за Груевски, тогаш единствен начин се предвремени парламентарни избори организирани веднаш. Мицкоски може да избега од јавноста, но нема да избега од волјата на граѓаните-стои во соопштението.