СДСМ денеска ги повика ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски да се изјаснат во врска со референдумот.
„Цела деценија, во секој јавен настап и во секоја своја програма ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека за решението на спорот со Грција граѓаните ќе го имаат последниот збор на референдум. Сега кога референдумот е извесен, кога е постигнат историски Договор кој носи членство во НАТО и ЕУ со зачуван идентитет, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став. Неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и неговото раководство е штетно за државата и за сите нејзини граѓани“, реагира СДСМ.
Оттаму нагласуваат дека опозициската партија и нејзиниот лидер треба да се изјаснат дали се за светла иднина или за темно минато, дали се членство во НАТО и ЕУ или амнестијата на криминалот им е поважна од сѐ?
„Ако се за иднина, ако се членство на Македонија во ЕУ и НАТО ракводстворо на ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе и да ги повика своите членови да гласаат на референдумот. Граѓаните и сите прогресивни сили коишто се обединија околу иднината на земјава нема да дозволат неодговороното однесување на Мицкоски да ја втурне Македонија во нова изолација“, порачува СДСМ.