СДСМ: Мицкоски, изјасни се!

338

СДСМ повторно го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се изјасни за референдумот.

„Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се за што си, граѓаните се за светла иднина наместо небиднина. Време е Мицкоски. Конечно треба да кажете за што сте и да се изјасните за референдумот. Ако сте за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет треба да ги повикате членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина. Како тоа цела деценија зборувате за референдум а сега кога е извесно дека ќе се случи да немате јасен став? Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните. Или сте за светла иднина, членство во НАТО и ЕУ, признаен македонски идентитет или сте за темно минато, криминал, изолација, неизвесност. Ајде Мицкоски охрабри се, изјасни се!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...