СДСМ: Мицкоски злоупотребува човечки трагедии за сопствена промоција

187

Целосно заглавен во деструктивноста, не можејќи да се помири со успехот на Македонија, антинародниот Христијан Мицкоски паѓа се пониско.Мицкоски злоупотребува дури и човечки трагедии и тоа го смета за сопствена промоција, реагира СДСМ.

– Криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните, скандалите со паралелниот увоз на лекови, придонесе да опадне  опфатот со вакцинација во 2014 година, а со тоа и да се намали колективниот имунитет. Мицкоски молчеше. Мицкоски со години беше дел од криминална власт која го уништуваше здравството, ги потценуваше лекарите и ги погазуваше правата на пациентите. Мицкоски не кажа ниту збор, беше посветен единствено на бизнисот со хидроцентралите. Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ со години лажеше за Клинички центар, а потпишало договор за изградба на Клинички центар што  немал одобрение за градба од страна на Министерство за транспорт и врски. Мицкоски молчеше, фокусиран да ја поскапи струјата за 100 отсо стои во соопштението на СДСМ.

Од таму додаваат дека борбата на институциите со епидемијата на морбили продолжува и се преземаат сите неопходни мерки. Граѓаните ги прифаќаат препораките на Министерството за здравство и секојдневно расте бројката на вакцинирани. Досега вакцинирани се над 6.000 лица со МРП вакцината и над 50 отсто од невакцинираните деца.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...