СДСМ: Мицкоски да се спреми за пораз на претседателските избори

142

Неспособниот Христијан Мицкоски повторно не кажа ништо што добро за државата и граѓаните. Никаков план, никаква визија, никаква програма не понуди Мицкоски.  Едни исти фрази, празни флоскули на Мицкоски без суштина, полни со деструкција, реагира СДСМ.

– Останува фактот дека Мицкоски одбегна да одговори за неговата улога околу бегството на неговиот ментор, Никола Груевски и посетите на Белград и Будимпешта. Мицкоски веќе е профилиран како анти НАТО и анти ЕУ. Очигледна е неговата намера Македонија да не успее во остварување на врвните државни и национални интереси а тоа е влез во ЕУ и НАТО. Јавноста го гледа сето тоа и прави јасна разлика помеѓу деструктивното антинародно дејствување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот пристап на Владата предводена од СДСМ во обезбедувањето на иднината на државата во ЕУ и НАТО, стои во соопштението.

Од таму додаваат дека нема да се оствари желбата на Мицкоски Македонија да не успее. Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО ДПМНЕ и одбраа иднина во ЕУ и НАТО. Нема враќање назад во темното минато.

Според СДСМ, поддршката во Собранието за процесите кои обезбедуваат членство во НАТО и ЕУ може само да расте.

– Бидејќи самиот Мицкоски вели дека не „сака да мисли” ќе му помогнеме, нека се спреми за пораз на претседателските избори, велат од СДСМ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...