Нашата земја влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, на огромна жал и неуспех на антизападниот Христијан Мицкоски. Наместо да станува промотор на мерките на СДСМ, Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори на следните прашања:
Кога ќе понесе одговорност за личниот неуспех и за неуспехот на неговата агенда поддржана од Будимпешта, да го спречи зачленувањето на земјата во НАТО?
Кога ќе понесе одговорност за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката?
Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал се уште не поднеле оставки?, запрашаа денеска од СДСМи нагласија „Конечно, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село“?
Огромна е разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и одлуката да се влезе во промени за подобрување на служењето на граѓаните и безидејноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се уште се длабоко загазени во нивното криминално и режимско однесување. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги загубија и претседателските и локалните избори и затоа не успеаја да го спречат напредокот и реформите што носат добро за сите граѓани, соопштијаод СДСМ.