СДСМ: Мицкоски го официјализираше својот кандидат, Силјановска не се огради ниту од него ниту од Груевски

3897

Како што се очекуваше, Христијан Мицкоски денеска го официјализираше својот кандидат кој застана рамо до рамо со него, тргна против напредокот, проитв НАТО и ЕУ, по стапките на Иванов и Никола Груевски. Гордана Силјановска денеска имаше шанса да покаже дека се разликува, дека е против антизападните политики на Мицкоски и да се огради од нив, но тоа не го направи, реагираат од СДСМ откако професорката Силјановска беше избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори.

„Силјановска не се огради ниту од криминалните политики на Никола Груевски, ниту од деструктивните активности на Христијан Мицкоски против напредокот на нашата земја, против Договорот од Преспа, против НАТО и ЕУ. Исто така, Силјановска не го осуди ниту говорот на омраза и поделбите на граѓаните кои што доаѓаа од нејзини колешки, колеги, блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Предлог на Силјановска, да се формира експертско тело за „подразмислување“ требаше да го понуди во нејзината ВМРО-ДПМНЕ и антизападното раководство на чело со Мицкоски“, наведуваат во реакцијата од СДСМ.

Според нив, Гордана Силјановска покажува дека не е ништо друго освен уште еден извшител на Христијан Мицкоски и потенцираат дека на нашата татковина не и е потребен уште еден Ѓорѓе Иванов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...