Христијан „математички лажго“ Мицкоски денес повторно без грам срам излезе да ја лаже јавноста,потценувајќи го помнењето на граѓаните за се што направи ВМРО-ДПМНЕ и лично тој на штета и на грбот на граѓаните, соопштија денеска од СДСМ, реагирајќи на прес конференцијата на Христијан Мицкоски.
Еве дел од лагите на Мицкоски поткрепени со факти, додаваат од СДСМ:
Мицковски ги лажеше граѓаните дека со новиот Закон за енергетика ќе се покачи цената на електричната енергија,
Факт 1: Цената на електричната енергија е намалена
Ги лажеше граѓаните дека нема да може да се врати евтината тарифа на електричната енергија,-Факт 2: евтината тарифа на електричната енергија се врати и граѓаните имаат 15.000.000 евра на годишно ниво
Уште една лага на Мицковски е дека исклучените од парно греење мора да плаќаат за топлина која не ја користат
-Факт 3: Исклучените од парно греење денес не плаќаат нешто што не користат
Мицковски ги лажеше граѓаните и дека е невозможно да се намали цената на топлинска енергија
Факт 4: Цената на топлинската енергија е намалена од 18-5 %
Мицковски ги лажеше и компаниите и домаќинствата дека е невозможно да има слободен пазар на електрична енергија
-Факт 5: Денес има либерализиран пазар на електрична енергија
Ги лажеше и вработените во РЕК Битола дека неможе да се врати мензата во РЕК
-Факт 6: Денес РЕК има исхрана за вработените
Времето на Рајски градини,Ски скокалници и административни згради на ЕСМ се спомени од директорувањето на Мицковски и Груевски
Факт 7: ЕСМ почнува со изградба на 10 МВ фотоволтаична централа во Осломеј
За разлика од 11 годишното инсистирање за Руски Тек и 100 % зависност од руски гас
Факт 8 : Македонија доби грант од ЕУ во висина од 13 милиони евра за интерконекција со ТАП
Факт 9: Сите административни работи се завршени за интерконекторот со Бугарија
За разлика од нему и неговите блиски лица, на кои им дадоа изградба на фотоволтаични централи и со загарантирано високи цени од над 400 евра за 15 години ,која денес ја плаќаме,
Факт 10: Започнува проект за инсталирање на 36 МВ Фотоволтаична централа за аукција на приватни инвестиции притоа без денар оптоварување на сметката за електрична енергија
Факт 11: 36 МВ за физички и правни лица кои имаат сопствено земјиште,
Факт 12: Намалена цена на приклучок од 500 на 370 евра
Денес Мицковски „математички прецизно “ лаже и не кажува дека како директор на ЕЛЕМ во Јануари 2017 година, набавуваше цена на електрична енергија за над 200 евра за 1 мега ват/ час.
Мицковски не кажува и дека тој лично како советник на Груевски и член на НО и УО на ЕЛЕМ учествуваше во зголемувањето на цената на електричната енергија за 100 % на граѓаните и дека тој лично наложи да се укине евтината тарифа за електричната енергија, заради свои лични бизнис интереси и профит.
Денес, непрекинато, Охридско-Струшкиот, Дебарскиот и Реканскиот регион имаат струја за Нова година и Божиќ, за разлика од времето на Мицковски и Груевски.
Додека Мицковски директоруваше и го советуваше Груевски, си градеше хидроцентрали за сметка на електричната енергија која ја плаќаат граѓаните.
Ова е само дел од криминалните дела и лаги на Мицковски кој на грбот на граѓаните безмилосно заработуваше.