СДСМ: Мизрахи не го познава Законот, но ќе му слугува на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години системски ја уништуваше социјалната заштита, а СДСМ, за само 2,5 години преку системска реформа обезбеди соодветна помош за 300.000 наши сограѓани и сограѓанки, изјави Милан Живковиќ од СДСМ.

790

СДСМ денеска обвини дека министерката за труд и социјална политика во техничката влада Рашела Мизрахи е некомпетнетна и дека слугува на партиските наредби на лидерот  на ВМРО-ДПМНЕ Хртистијан Мицкоски.

– Техничката министерка за труд и социјална политика по 2 дена работа покажа некомпетентност и демонстрира дека не го знае новиот Закон за социјална заштита.Таа не знае дека надлежноста за издавање на наодот и мислењето за потребата за помош и нега од друго лице, врз основа на кое се остварува паричниот надоместок, е пренесена на 15 стручни комисии при јавните здравствени установи низ цела држава, а се формирани од страна на Министерството за здравство.Токму овој начин на работа ги реши проблемите кои ВМРО-ДПМНЕ ги создаде изјави на прес-конференција Милан Живковиќ, претседател на Комисија за труд и социјална политика на СДСМ.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ цели 11 години системски ја уништуваше социјалната заштита, а СДСМ, за само 2,5 години преку системска реформа обезбеди соодветна помош за 300.000 наши сограѓани и сограѓанки.

– Со СДСМ, финансиското зајакнување на семејствата кои се во ризик е преточено во системска поддршка која не толерира никакви притисоци од било кого. Извлекувањето од сиромаштија е преку системот на гарантирана минимална помош која е за 300% поголема од социјалната помош што беше исплаќана од ВМРО-ДПМНЕ – рече тој.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...